Компаниски патувања
“Да патуваш значи да еволуираш” – Пјер Бернардо
Дајте му на вашиот тим најдоброто од Македонија. Нашите програми кои ги дизајнираме согласно вашите потреби и нарачка, ќе го наградат вашиот тим со посебно искуство, ослободено од стрес и во релаксирачка атмосфера, во која ќе искусат нови авантури и возбудливи активности. Нашите квалификувани професионалци се стремат да ви го пружаат најдобрите локации, инспиративни места, одлична кетеринг услуга и невообичаени дневни програми. Ние ќе ја обезбедиме целата логистика, а исто така ќе можеме да координираме одредени специјални активности со цел да обезбедиме навистина незаборавна посета на речиси секое место што можете да го замислите. Од самиот почеток со изборот на темата и локацијата па то утврдувањето на декорот и програма, ние сме специјализирани да го направиме вашето искуство апсолутно незаборавно. Ви ги претставуваме нашите програми за компаниски патувања:
Подгответе се за незаборавна Потрага по богатство!
Возбудлива авантура полна со интриги, скриени траги и неочекувани предизвици ве води до закопаното богатство. Ќе се соочите со мистериозни мапи, шифрирани пораки, легенди од минатото и креативни задачи кои ќе ги разбудат и вашата интуиција и тимски дух. Секоја потрага е внимателно осмислена според локацијата – било да е град или локалитет – и прилагодена на специфичните културни и природни карактеристики на регионот.
Сè што треба да направите е да се соберете со вашиот тим, да ги следите трагите и да тргнете на авантура до последната скриена награда. Ова е совршена можност за забава, поврзување и откривање нешто ново – заедно.
Потраги организираме во:
- Скопје
- Охрид
- Битола
- Крушево
- Стоби
Влезете во возбудлива потрага и тестирајте ја тимската стратегија!
Подобрете ги односите во вашиот тим на уникатен начин преку нашите вкусни гастро програми. Наместо класични тимски активности, колеги се натпреваруваат во гмечење грозје, полнење шишиња, штафета на келнери и други забавни игри поврзани со виното – совршена доза смеа и натпреварувачки дух!
За љубителите на добрата храна, тимското готвење е совршена прилика да создадете заеднички оброк – сечете, мешајте, пржете и дегустирајте како вистински готвачи.
А ако сакате нешто освежително, нашата Миксологија ќе ве воведе во светот на коктелите со помош на професионален миксолог. Научете техники, мешајте вкусови и заблескајте со ваш сопствен коктел!
Вашиот тим заслужува искуство што ќе се памети:
- Тимско Готвење
- Винска Олимпијада и дегустација на вино
- Миксологија - правење на коктели
Спојте креативност и вкус во незаборавно гурманско доживување!
Авантурата не е само адреналин и бегство од секојдневието – таа е силна алатка за личен раст и тимска поврзаност.
Кога луѓето се соочуваат со нови, несекојдневни предизвици, излегуваат од својата комфорна зона, ја зајакнуваат самодовербата, резилиентноста и способноста за донесување одлуки под притисок. Во тимски авантури – било тоа да е ориентација, кајак или кампување – комуникацијата и соработката стануваат клучни, а довербата се гради природно, преку заеднички напор. Ваквите искуства ги зближуваат колегите, ги уриваат бариерите и ја зајакнуваат тимската динамика. Авантурата овозможува секој да ја почувствува својата улога и значење, што води кон поинспириран, усогласен и мотивиран тим.
- Пеш: планинарење, трекинг и ориентација; опстанок во дивината; спелеологија; јавање коњи.
- На тркала: велосипедски тури; 4WD/квадови; картинг.
- На вода: едрење; катамаран/брод; кајак; рафтинг.
- Во воздух: лет со балон или параглајдер.
- На снег: скијање, сноуборд и ски-тури.
Подготвени ли сте да го излезете од својата комфорт зона и влезете во зоната на раст?
Благосостојбата на вработените претставува основа за изградба на здрава и продуктивна работна култура, која ги вклучува сите аспекти на професионалниот и личниот живот – од физичко здравје и емоционална рамнотежа до ефективно управување со стресот и социјалната одговорност. Како одговор на глобалните трендови и потребите на современиот работен простор, развивме иновативни решенија кои ќе ја подигнат благосостојбата на вработените, создавајќи подобра корпоративна култура.
- Јога и медитација
- Масажи
- ЕМС Фитнес Тренинг
- Предавање "Навики за здрав живот"
- Здрава храна
Ослободете го умот, зајакнето го телото и обновете ја енергијата!
Контакт
Контактирајте нè
Не сте сигурни од каде да почнете? Контактирајте нè и заедно ќе создадеме решение за потребите на вашиот тим.
Резултатите се важни – затоа овие компании ни веруваат!


