Изградете совршен тим за вашата компанија
Тимски активности
за поголем перформанс
Компаниски патувања за поголемо задоволство
Компаниските настани зближуваат и исполнуваат

Вашиот партнер во градење на совршен тим
Enjoy Team Building е DMC и M.I.C.E. агенција во С. Македонија специјализирана за организација на сеопфатни корпоративни решенија и настани кои ќе придонесат за развој на вашиот тим.
Нашата Визија
Подобрување на корпоративната средина и култура преку програми за развој на тимот, експериментално учење, игри и забава.
Нашата Мисија
Да ги инспирираме и им овозможиме на компаниите да создадат позитивна и продуктивна работна средина преку поголема вклученост на тимот.

Нашата 4Е формула
Нашите програми за обука се организираат и спроведуваат како серија работилници кои се приспособени на стилот на учење на возрасните и се поврзани со главните приоритети и предизвици на компанијата.
Создаваме програми кои ќе наградат вашиот тим со едно ново, креативно и ослободено од стрес искуство, во опуштена атмосфера, но и со нови авантури и возбудливи активности.
Ако сакате да го поттикнете, мотивирате или инспирирате вашиот тим, ние нудиме настани за тимбилдинг кои се докажани и врз основа на кои гарантираме позитивни резултати за вашата компанија.
Нашите програми не се само забавни, туку директно влијаат на однесувањето, инспирираат напредок и позитивно влијаат на корпоративната култура на нашите клиенти
